Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната банка.
Протестот ќе почне во 15 часот на 30 октомври, еден ден пред Светскиот ден на штедењето.
„Ги повикуваме на поддршка сите граѓани што досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани што сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции што работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден, доколку проработат правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно“, се вели во повикот.